Цветот со латинско име „Thismia neptunis“ е виден по цели 150 години.
Во 1866 година, италијанскиот ботаничар Одоардо Бекари низ џунглите во Малезија, забележал еден многу необичен организам. Тој нема листови, не произведува хлорофил и не врши фотосинтеза, виреел подземно, а личи на инсект. Бекари го документирал ова откритие, а низ белешките приложил и цртеж.
Но, во наредните 150 години никој не го видел цветот, се до експедицијата на биолози од Институтот за земјоделски истражувања од Чешка, кои лани го истражувале истото подрачје каде што бил и Бекари.
Денес, покрај цртежите на Италијанецот, за првпат во историјата постојат и фотографии од ова необнично растение.