Неочекувана трансформација: Актерката Јелена Јованова ја скрати косата (ВИДЕО)
Актерката Јелена Јованова, позната периодов по својата улога како Јелена од Драчево, во серијата „Преспав“, е препознатлива по својата долга коса. Но вчера на својот Инстгарам профил актерката преку видео кое го сними да се заблагодари за добиената награда „Златна Бубамара на популарноста“, откри дека ја скратила косата.
Имено, актерката сега има коса со должина до рамења, и боја која дава нота на бакар.
Оваа должина на косата ѝ стои одлично на Јелена. Инаку, актерката живее во Загреб, Хрватска со својот сопруг и синот Јаков.
Неодамна во интервју за Женски магазин таа зборуваше за „Преспав“, но и за бременоста која ја помина во време на карантинската пандемија, за мајчинството и за поддршката од сопругот.
Фото: Инстгарам/jelenajovanovaperic
Видео: Инстаграм/jelenajovanovaperic
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Јелена Јованова го покажа синчето: Преслатка фотографија