Неопходна елеганција и софистициран минимализам: Секоја деловна дама треба да изгледа вака
Успехот на деловно поле, покрај тоа што зависи од подготвеноста, професионалноста и знаењето, зависи и од убавото облекување...
Во новата колекција, модниот бренд „Бела“, акцентот го стави на бизнис дрес кодот, во кој сивите тонови преовладуваат на сите парчиња. Безвременски комплети, елеганција, класика и неуниформираност се само дел од епитетите кои може да ѝ се доделат.
Станува збор за колекција која ќе донесе свежина во вашето секојдневие и која ќе направи да изгледате подоминантни на работното место, а за да сфатите за што зборуваме, погледнете во продолжение:
1. Комбинацијата од неколкуте нијанси на сивата боја се „зачинети“ со суптилни црвени детали, а дезенот на фустанот е надополнет со геометриски форми.
2. Кошулата е разиграна со карнер, кој до одреден степен ја разбива строгата линија на дизајнот. Одлично се вклопува и со панталони кои ја следат линијата на телото.
3. Сивото „молив“ здолниште со должина под колениците истовремено ќе ви ја истакне линијата, но и кај другите ќе остави впечаток дека сте сериозна личност.
4. Бела кошула со екстра голема украсна панделка ќе ви долови изглед на дама од аристократијата, а ќе бидете забележани каде и да одите. Постои можност панделката да се извади и тоа всушност ќе делува како да носите две различни кошули.
5. Деловниот комплет составен од сиви панталони и сиво сако, одлично се вклопува со кошулата за која зборувавме погоре. Уникатниот крој и дизајн на комплетот совршено ја следи линијата на телото.
* ПР - објава