„Неоткриена убавина“ е мото на наградниот фотографски конкурс на Huaweiза лето 2019
Верни на својот дух за откритија, Huawei и оваа година ќе продолжи да ги поттикнува своите корисници да излезат од нивната удобна зона и да започнат патување до непознатото. Овогодинешниот натпревар Huawei InFocus Awords е под слоган „Неоткриена убавина“. Натпреварот нуди можност за љубителите на фотографија од Централна, Источна и Северна Европа да ги прикажат најдобрите фотографии и видеа снимени со Huawei во 6 различни категории. Гласањето за најдобрите дела ќе трае до 18-ти август на официјалната веб страна на конкурсот Huawei InFocus. Избраното жири, вклучувајќи експерти и популарни фотографи од целиот свет, ќе го изберат најдоброто дело.
Да го откриеш неоткриеното
Природата и нејзината непредвидливост отсекогаш биле инспирација за луѓето кои се обиделе да ја забележат нејзината уникатност, но светот е полн со неверојатни, неоткриени места. Со својот проект"Неоткриена убавина", Huawei ни покажува дека убавината е насекаде околу нас, и благодарение на телефоните како Huawei P30 Pro, забележувањето вредни моменти е блиску до нас.За создавање на совршена фотографија или видео потребно е само паметен телефон како Huawei P30 Pro и имагинација.
Конкурсот има за цел да ги инспирира луѓето да ги бараат оние скриени места кои не се познати туристички локации и досега не биле забележани. Huawei ги охрабрува своите корисници да бараат повеќе во она што ги опкружува за да ја откријат убавината и магијата кај луѓето и во моментите што инаку би ги пропуштиле.Ви нудиме и видео кое е целосно снимено со овој паметен телефон и ја покажува убавината на светот. Боите, деталите и неверојатната убавина на овие места беа забележани со ова документарно видео, кое е целосно снимено со Huawei P30 Pro и им овозможува на сите да го почувствуваат откривањето и да ја допрат мистеријата на природата:
https://www.youtube.com/watch?v=Z0MUyt52QHE&feature=youtu.be
InFocus Awards во специјално партнерство со TripAdvisor
Потрагата по убави непопуларни локации и прикажување на веќе познати локации во ново светло исто така е причината за партнерството на Huawei со TripAdvisor, една од најголемите онлајн-страници за споделување на информации. Платформа за љубителите на патувањето претставува лесен пристап за откривање на интересни нови места и овозможува лесно споделување на истите со светот. Затоа партнерството со TripAdvisor совршено се вклопува во концептот на Huawei InFocus Awards 2019.
Технологијата ти помага да ја откриеш убавината...
https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/mk/