Неповторлива роденденска понуда на „Неотел“ 15 години „Неотел“ – Инспирирани од иднината
Телекомуникацискиот оператор „Неотел“ одбележува 15 години од своето формирање. Компанијата, која започна како алтернативен телекомуникациски оператор по либерализацијата во делот на фиксните телекомуникациски услуги со целосно домашен капитал, овие 15 години во континуитет инвестира во проширувањето на својата мрежа, постојано применувајќи креативна и модерна технологија.
„Кога пред 15 години започнавме со работа, се водевме од идејата дека преку инвестирањето во силна оптичка мрежа, како и во примена на модерните алтернативни технологии, ќе успееме да ја приближиме иднината во секој дом и секоја компанија во нашата земја и постојано користејќи ја иднината како инспирација успеавме да изградиме силно портфолио и конкурентна понуда којашто е уникатна на нашиот пазар. Особено сме горди на фактот што сето тоа го постигнавме со домашен капитал, како од финансиски аспект, така и од аспект на човечките ресурси, што ни дава ветер во грб во наредните години да бидеме уште помотивирани во збогатувањето на нашата понуда“, велат од „Неотел“ по повод јубилејот.
За да го одбележи овој значаен јубилеј, компанијата подготви специјална роденденска промоција со одлични поволности.
Со роденденската понуда, новите корисници можат да добијат оптички интернет-пакет Fiber веќе од 790 денари или neoTrio пакет веќе од 1.190 денари за целото времетрање на 2-годишниот договор, како и бесплатни дополнителни ТВ-пакети Балкан + или Тринг бејзик во првата година.
Како значаен сегмент од основањето на НЕОТЕЛ, за деловните корисници се направени нови супериорни оптички пакети со одлични брзини, неограничен сообраќај, вклучен IP Centrex и хостинг, сè што е потребно за професионално функционирање на една компанија.