(ФОТО) Како денес изгледа и каде живее Ена Веко?

Добивај вести на Viber

Се прослави како првата македонска раперка и беше атрактивна појава на домашната сцена во деведесетите. Ена Веко со вистинско име Елена Домазетовска денеска живее во Австралија и изгледа сосема поинаку од времето кога речиси секоја песна ѝ беше хит.

Елена последен пат во Скопје беше лани летото, а фотографија на социјалните мрежи објавија нејзините пријатели. По завршувањето на средното училиште, таа замина во Сиднеј, каде што и денес живее.

Нејзината музичка кариера траеше кусо, но ја паметиме по уникатните песни кои за неа ги напиша композиторот и продуцент Тоше Поп-Симонов. Веко сними еден албум,  “Бубачки и градски ѕверки“, а х хитови кои останаа се  „Опера хаус“ , „До кога вака“, „Царевата ќерка“, „Признавам-не признавам“. Интересно е што Ена настапи и на фолк-фестивалот „Цветници“ заедно со  покојниот фолк-пејач Мирко Митревски и со групата „Академци“.