„ОПАСНА ДИЈАГНОЗА СТАНАВМЕ, НЕ ПРЕПОЗНАВАМЕ ДОБРО, А НЕ ЛОШО“ - адвокатот Туфегџиќ разочаран од тоа во какво општество се претворивме
Адвокатот Владимир Туфегџиќ е разочаран од тоа какво опшетство станавме, дезориентирано и деструктивно, а тоа го пренесе и преку својот фејсбук профил.
„Станавме опасно контаминирано општество, ние сме веќе до тој степен дезориентирани што немаме капацитет да препознаеме што е добро а што лошо, што е исправно а што неисправно, кој е обвинител а кој судија, наместо судија обвинител образложува зошто е определен притвор, ФБ суди и пресудува…….
Не треба да не чуди вакво однесување кога само трагедии, лоповлук и корупција и се што е лошо и деструктивно се единствена и главна тема за реакција.
Најстрашно е што во реакцијата нема компас и правец на движење, без суштина.
Се рипа од тема на тема до степен што се заборава што беше поводот за реакцијата, само неконтролиран бес.
Човек се чувствува како во сала со 5.000 луѓе кои зборат истовремено и никој никого не слуша а кога ќе заврши галамата следи она волшебно прашање, слушна ја што му кажав на тој он кога кажа за таа, а? Повеќе на Фактор.мк