Непрепознатлива: Снежана Ѓуришиќ ја промени бојата на коса која ја носеше со децении (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката никогаш не изгледала подобро!

Легендарната пејачка и сопственичка на бројни хитови, Снежана Ѓуришиќ, важи за дама која во текот на долгата кариера остана доследна на својот елегантен стил, а речиси и не го промени имиџот. Сепак, овој пат таа реши да излезе од својата комфорна зона и да проба нешто поинакво - и со тој потег ги воодушеви сите!

Имено, таа се појави во сосема ново издание на снимањето на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, во кое е една од членовите на жирито. Таа собра храброст и ја промени и фризурата и бојата на косата по која беше препознатлива сите овие години. Покрај тоа, таа ослабе над 20 килограми.

Ги скрати шишките, ја скрати косата и доби целосно младешки изглед. Таа за оваа пригода избра класичен црн костум, а со тој стајлинг уште повеќе се истакна нејзината нова фризура. Пејачката не ја тргна насмевката од лицето, а комплименти на воодушевување на сметка на промената стигаа од сите страни.

Снежана е личност која со децении се обидуваше да ја гради својата кариера исклучиво благодарение на квалитетните песни и прекрасниот глас, а приватниот живот сè уште го држи подалеку од очите на јавноста. 

извор:stil.kurir

Горда мајка: Снежана Ѓуришиќ ја покажа наследничката, па и упати емотивна порака

Пет години се заедно, живеат во нејзината куќа, но брак не доаѓа предвид: Еве зошто Снежана Ѓуришиќ никогаш нема да се мажи за Вања