Моден фокус // Трендови
НЕПРИКОСНОВЕНА КРАЛИЦА НА СЦЕНАТА: CFDA ја прогласи Наоми Кембл за модна икона за 2018!
Оваа година наградата за модна икона заслужено и припадна на преубавата манекенка...
Дури сега?
Веста дека CFDA (Американското здружение на модни дизајнери) дури сега ја прогласи Наоми Кембл за икона на стил не воодушеви иако малку и не затекна. Бевме убедени дека таа веќе одамна е наградена, бидејќи ако некој ја заслужил таа титула, тоа е сигурно госпоѓицата Кембл и нејзината супермодел банда.
Наградата за модна икона Наоми ќе ја прими на 4 јуни кога е закажано доделување на престижните CFDA награди.
Во своето завидно работно искуство кое трае 30 години Наоми може да се пофали дека во текот на деведестите се вбројуваше во најбараните модели на светот и се најде меѓу шесте манекенки кои први се прогласени за супермодели.