Неприкосновена кралица: Ријана со рачно изработен фустан до детал, од чија цена ќе се онесвестите!

Добивај вести на Viber

Онаа која издоминира на црвениот килим е Ријана, која светските медиуми претходно ја прогласија за „Кралица на Мет Галата“, дури и покрај познатиот „кајгана долг фустан" што ја шокираше јавноста пред неколку години.

Темата на овогодинешната Мет Гала беше „Тела од рајот: Мода и католичка имагинација", и според тоа, сите ѕвезди имаа религиозни карактеристики на нивните креации.

Сепак Ријана носеше вистинско уметничко дело, кое го зачуди целиот свет! Рачно изработен костим што го потпиша познатиот Џон Галиано за познатата куќа „Maison Margiela". Може само да си замислуваме колку чини.