Неспоредлив, несопирлив: Икона којашто е повторно создадена за 21 век

Добивај вести на Viber

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НОВИОТ LAND ROVER DEFENDER

Дизајниран со цел, проектиран да возбудува: Се истакнува со своите способност и карактер, а неговата впечатлива силуета ги нагласува препознатливите елементи за Defender меѓу коишто се кратките препусти, преден и заден.

Експерт од светска класа за теренско и друмско возење: Неговата способност за движење по секаков терен е несомнена. Стабилен на секаква подлога и со врвен комфор што гарантира уживање при долгите патувања.

Модерна внатрешност: Функционалната, трајна и флексибилна внатрешност има уникатна изведба со откриени делови од конструкцијата на каросеријата и централно поставено предно дополнително седиште – совршено за споделување на авантурите со семејството

Интелигентна техника за теренско возење: Пионерската технологија на Land Rover за теренско возење Теренска реакција 2 сега е подобрена со новата програма Минување низ вода (Wade), додека технологијата Теренска реакција којашто може да се конфигурира му овозможува на возачот попрецизно да ги дотера поставките

Спремен за експедиција: Максимален корисен товар од 900kg, носивост на покривот при статичко оптоварување 300kg, капацитет за влечење од 3720kg* и способност за минување низ вода со длабочина до 900mm, ова е комбинацијата што го прави новиот Defender врвно 4х4 возило за копнени авантури

Создаден за големи нешта: Defender ја има внатрешната сила којашто е потребна за да се овозможат големите нешта. Шампион помеѓу оние коишто имаат храброст да понудат помош каде што другите не се осмелуваат, или не можат да одат

Глобални партнери: Land Rover ја продолжува долгогодишната  хуманитарна соработка со Меѓународната федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (IFRC) со моделот Defender како основа на соработката

Изберете го вашиот модел: 90 commercial ќе има цена од £33.000 (плус ДДВ), 90 bodystyle од £39.970, а цената на 110 ќе почнува од £45.240 во UK. Конфигурирајте го вашиот модел на www.landrover.com/Defender

Ова е новиот Land Rover Defender. Икона којашто е повторно создадена за 21 век. Интелигентен, способен и безбеден за целото семејство. Категорија за себе. 

Воден од страста и почитта кон оригиналот, новиот Defender нуди суштински изменето пространство од можности и напредни технологии за движење по секаков терен за да ја редефинира авантурата за 21 век. Во исто време, тој останува верен на својот пионерски дух што е белег на Land Rover веќе 71 година.

Технологија за 21 век

Новиот Defender е технолошки напреден колку што е и траен и ви го претставува новиот систем на Jaguar Land Rover за информации и забава, Pivi Pro. Екранот на допир од следната генерација е поинтуитивен и поедноставен за користење, бара да внесете помалку команди за да се извршат функциите што често ги употребувате, а неговиот дизајн со секогаш вклучен дисплеј гарантира скоро моментална реакција.

Освен тоа, новиот Defender ја издигнува технологијата Software-Over-The-Air (SOTA) на ново ниво, со 14 поединечни модули коишто се способни за далечински прием на обновувањата на софтверот. Со преземање на податоците додека клиентите спијат во својот дом или кога се на оддалечени локации, новиот Defender ќе се подобрува со годините: бидејќи електронските обновувања се симнуваат во возилото веднаш, без доцнење, ќе нема потреба да го посетите продавачот на Land Rover.

Медиумска веб-локација: www.media.landrover.com 

Видео содржини со висока резолуција: www.broadcast.jaguarlandrover.com 

Land Rover канали:

Facebook: http://www.facebook.com/LandRover

Twitter: http://twitter.com/LandRover

Instagram: http://instagram.com/LandRover

YouTube: http://www.youtube.com/LandRover