НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЕ „ФАБРИКИ“ ЗА НОВИ МУТАЦИИ: Научниците стравуваат дека новите соеви ќе можат да ја „победат“ вакцината

Добивај вести на Viber

Повеќе од половина од светската популација сè уште не примила вакцина против ковид, а распределени се околу три милијарди дози. Додека некои земји имаат највисоки стапки на вакцинација во светот - како што се Исланд (73 %) и Велика Британија (67%), некои посиромашни држави едвај ги започнаа своите програми за имунизација. Постојат стравувања дека овој јаз во вакцинацијата ќе овозможи ширење на нови видови, како што се делта и ламбда, кои штотуку започнаа да се шират.

Мутациите тогаш можат да станат способни да ја победат вакцината и потенцијално да го принудат светот повторно да се затвори. Кон тоа треба да се додаде и антивакциналната клима во многу земји и луѓето кои одбиваат да се вакцинираат, пишува „Сан“.

Повеќе детали читајте на Фактор тука.