Невообичаена прва средба: Цеца случајно ја запознала мајката на Богдан

Добивај вести на Viber

„Сè се случи случајно и нејзината прва реакција сигурно нема да ја заборави никогаш!“ 

Средбата на пејачката, Цеца Ражнатовиќ со Мира, мајката на Богдан не била вообичаена, бидејќи во моментот Мира не е во Белград. 

Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) веќе некое време е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (37) од Белград.

Според регионалните медиуми, Светлана Цеца Ражнатовиќ се запознала со мајката на нејзиното девет години помладо момче, Богдан Срејовиќ. А бидејќи г-ѓа Мира во моментот не е во Белград, состанокот бил „направен“ преку видео повик, за време на еден ручек. 

Според „Ало“, пејачката убаво ја поздравила, а мајката не ја криела радоста поради фактот што нејзиниот син е со толку убава, паметна и успешна жена.
 - Родителите на Богдан се навистина прекрасни луѓе. Неговиот татко Милош е поранешен спортист, а мајка му е во приватна работа. Никогаш не се мешаа во одлуките на Богдан, но секогаш го поддржуваа во сè. Дури неодамна им рече дека е во врска со Цеца, и двајцата немаат што да се жалат.
На Милош, неговиот татко, сè му беше јасно кога го виде својот син и забележа колку е среќен, а тоа е единствено што му е важно во животот. Откако го информирал татко му дека е во врска со Цеца, тој исто така решил да ја извести неговата мајка на неформален начин, за неговата избраничка. Во моментот кога беше со Ражнатовиќ на ручек, пристигна видео повик од Лондон. Богдан разговараше долго со неа, а потоа во еден момент ја сврте камерата кон Цеца, која ја поздрави „свекрвата“.
Мира беше воодушевена и не ја криеше среќата затоа што нејзиниот син е со толку убава, успешна и паметна жена - рекол изворот на споменатиот весник, а на пејачката секако и било драго поради тоа.

извор: 24sedam.rs

Директна и искрена: Се огласи Цеца по објавите за нејзиното ново момче