Невообичаени закони во светот
Сите знаете дека светот е едно необично место. Многу туристи, најверојатно немаат слушнато за овие невообичаени закони.
1. Забрането тетовирање и селфи со Буда
Ова важа за Шри Ланка, па ако се најдете таму, избегнувајте по секоја да цена да направите селфи, бидејќи еден турист еднаш плати казна. Исто важи и за тетоважите со ликот на Буда.
2. Забранети електронски цигари
Ако идете на Тајланд, заборавете на електронските цигари. Доколку ве фатат, ќе платите парична казна, но може да завршите и во затвор. Исто така е забрането пушење на плажа.
3. Не ги хранете галебите во Венеција
На плоштадот Свети Марко има премногу галеби, па поради тоа е забрането да ги храните, за да не привлечете уште повеќе.
4. Внимавајте на бензинот во Германија
Кога сте во Германија, внимавајте да има доволно гориво. Забрането е да останете без бензин, бидејќи на тој начин може да бидете во опасност и вие и луѓето околу вас.
5. Не плукајте во Барселона
Некултурното однесување во Барселона, во вид на плукање постои секаде во светот. Но, градските власти во Барселона одлучија да реагираат на ваквото однесување кое е неприфатиливо.
6. Високи потепетици во Грција
Грција забрани да се носат високи потпетици на интересни знаменитости како што е Акропољ. Ваквата одлука е поради тоа што високите потпетици може да ги уништат овие исторски места.
7. Внимавајте со паричникот на Тајланд
Ако се наоѓате во Банког и случајно ви падне паричникот, не го видите и нагазите на него, а ве види полиција, тогаш може да завршите во затвор или да платите казна бидејќи сте го навредиле кралот .
8. Не кажувајте пцовки во Обидинетите Арапски Емирати
Пцовките и непристојаните гестови не се дозволни во овие држави. Може да бидете депортирани или да завршите во затвор.