НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД НАЈАВУВААТ МЕТЕОРОЛОЗИТЕ - од петок стабилизација, но и голем раст на температурите

Добивај вести на Viber

До четврток се очекува секој ден да има пороен дожд, проследен со грмежи, претежно во попладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Притоа нагласуваат дека овие денови се очекува дождовите да бидат пообилни, и локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. 

Метеоролозите постабилно време најавуваат од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

- Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 степени, а дневната од 16 до 28 - соопштија од УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе биде од 10 до 27 степени. 


Извор: faktor.mk