Незапаметен срам на Евровизија: Новинарка наместо пејачот, по грешка го интервјуираше фанот (Видео)

Добивај вести на Viber

Првото полуфинале на „Евровизија“ се одржа во вторникот на 9 мај, а вчеравечер се одржа и втората полуфинална вечер, каде во главното финале се пласираа уште 10 од вкупно 15 земји.

Најпопуларното музичко натпреварување во Европа „Песна на Евровизија“ кое оваа година се одржува во Ливерпул, барем судејќи по коментарите од публиката на социјалните мрежи, помина задоволително, а многумина не се премногу воодушевени од онаа што имаа можност да го видат.

Двете полуфинални вечери поминаа со по некој скандал и конторверзен изглед, но она што стана вирално и најмногу споделувано на социјалните мрежи, особено од страна на твитерџиите е незапамтената грешка на една водителка.

Имено, меѓу поголемиот број на британски телевизии кои известуваат за овој настан, е и една од  водечките канали Би-Би-Си. За несреќа, новинарката која вршеше пренос во живо направи оргомна грешка, наместо пејачот, таа го интервјуираше фанот на пејачот од Финска кој беше облечен исто како и неговиот идол.

- Успеавме дури и да ја фатиме главната ѕвезда, рече новинарката, додека подолу го пишуваше името на изведувачот на Финска.

Тој беше прашан каков е Ливерпул како домаќин, а тој одговори...

- Неверојатно. Во споредба со сите други земји во кои сум бил, овде е најдобро организирано. Сè е блиску, на одење и пријателски. Сè е лесно - одговори навивачот, нормално, како ништо чудно да не се случило.

Твитер „изгоре“ од шегите на сметка на оваа „несреќна“ новинарка.


Фото: Sreenshot/twitter