Нежна венчаница која е совршена за трудници: Класична, шик, преубава (ФОТО)
Со почетокот на летната сезона, стигна сезоната на свадби.
Сончевите и топли денови се омилен избор на многу парови за нивниот голем ден.
Трендвоите поврзани со летните свадби поради коронавирусот се променија многу. Големите прослави беа заменети со интимни микро свадби, стресниот ден се претвори во ден во кој паровите навистина можат да уживаат, а застарените обичаи и традиции останаа далеку зад нас, барем кај повеќето.
Еден детаљ, сепак, остана ист - за повеќето млади луѓе, венчаницата се‘ уште е на врвот на листата на приоритети. Наоѓањето на тој совршен фустан не е секогаш лесна задача, а потрагата по совршена венчаница може да се претвори во вистински мал предизвик доколку на целото сценарио го додадеме и трудничкиот стомак. Влијателката Катарина Мира-Роуз го најде совршениот одговор на тој предизвик.
Точно четири години по свршувачката, Катарина Мира-Роуз и нејзиниот партнер кажаа судбоносно ДА, и направија мала свадба. За нејзината летна микро венчавка во Лондон, каде што беа само нивните родители и нивното верно куче, Катарина Мира-Роуз избра прекрасна венчаница од „Луна Беа“која совршено одговара на нејзиниот моден стил, но и трудничкото стомаче. На денот на нејзината венчавка, Катарина беше 34 -та недела од бременоста, а прекрасната макси венчаница на преклоп од сатен беше совршен избор.
Поради својата едноставна и ласкава силуета, моделот „Luna Bea Bride“ што го носи Катарина е еден од најпопуларните во колекцијата на брендот и одлично им прилега на сите - без разлика дали имате труднички стомак или не.
Фото: Instagram/
Совршена замена за фустан: Овие летни комплети се тренд број еден