Ни Дајана, ни Кејт: Најскапата венчаница во историјата ја носеше кралицата Летиција, а не е класичен фустан од бајките

Добивај вести на Viber

Фото насловна:Profimedia

Иако сопругата на шпанскиот крал е позната како една од поштедливите благороднички и некој што често повторува комбинации на облека и носи поевтини парчиња, таа не сакаше да се двоуми за својата венчавка.

Кога зборуваме за кралски свадби, првата тема е обично свадбата на Лејди Дајана Спенсер и принцот Чарлс, или денот кога нивниот син принцот Вилијам се ожени со убавата Кејт Мидлтон.

Сепак, и покрај тоа што венчаниците што ги носат овие две британки се едни од најпознатите во светот, тие не можат да се приближат со цената на оној фустан во кој се омажи кралицата Летиција од Шпанија! Венчаницата на Дајана е потпишана од Дејвид и Елизабет Емануел и чинеше околу 115.000 долари, а фустанот на Кејт од модната куќа Александар Меквин создаден од Сара Бартон околу 434.000 долари, додека за венчаницата на кралицата Летиција беше потребно да се издвојат дури 6.600.000 евра!

Ова интересно парче во кое Летиција се омажи за шпанскиот крал Фелипе Шести (тогашниот принц на Астуриас) е дизајниран од Мануел Пертегаз, кој во тоа време имал 80 години.

Станува збор за свилен фустан украсен со лилјани извезени со златни и сребрени конци, а пашката на фустанот е заоблена и долга, иако значително е пократка од она што ја носеше Лејди Ди. Ракавите на фустанот се долги, деколтето е умерено, а има и малку ексцентрични украси во форма на ревери. За оваа пригода, кралицата позајми пруска дијадема со дијаманти од мајката на Фелипе, Софија, а нејзиниот иден сопруг и подари превез долг три метри и широк два.

Што мислите за оваа венчаница? 


Фото: Profimedia

ГАЛЕРИЈА: