Никогаш не би му дозволил на моето дете да влезе кај Мајкл дома: Мајк Тајсон го исплука документарецот за Џексон

Американскиот боксер Мајк Тајсон (52) го исплука документарнииот филм за Мајкл Џексон и ги прозва родителите на децата кои пејачот наводно ги силувал.

„Тоа што во јавност зборувате за тие работи е погрешно. Се зборува дека ви недостасуваат пари па затоа барате публицитет“, изјавил Тајсон кој со Мајкл Џексон беше добар пријател и чест гостин на неговиот имот „Неврленд“.

„Мајкл имаше таква репутација. Имам дете од осум години и никогаш не би дозволил да се дружи со Мајкл и да оди во неговата куќа. Го сакав Мајкл, но знаете што мислам“, објаснил Тајсон и го споменал неговото обвининие за за силување во 1992 година.

„Исто така, некои луѓе не би им допуштиле на ќерките да се дружат со мене поради тоа што бев во затвор поради силување. Го почитувам тоа“, изјави Мајк. 

Докумeнтарниот филм „Leaving Neverland“ е според многумина шокатна приказна која го истражува односот на Џексон со неговите миленици, момчињата Џејмс и Вејд. Мајкл Џексон е прикажан и од позитивната и од негативната страна.