Никогаш не е доцна, одберете го производот и почнете да штедите

Без разлика дали вашата долгорочна цел е да купите сопствен дом, да ги школувате вашите деца на добар факултет или да се пензионирате во удобност, постои една заедничка потреба: Треба да започнете да штедите пари.

Постојат различни начини на штедење– најдобро решение е да се штеди во банка, затоа што е најсигурно и истото ви носи дополнителен приход.

Кога се започнува со штедење во банка, важно е да се избере најадекватниот производ за штедење прилагоден на потребите и темпото на живот на секој поединец. Халкбанк нуди најразлични видови на депозити, дизајнирани за задоволување на различни потреби и можности кои имаат фиксни каматни стапки за целиот период на орочување на паричниот депозит.

Најиновативен производ на Халкбанк кој е и со најатрактивни каматни стапки е Онлајн депозитот кој е наменет за физички лица корисници на електронско банкарство на банката. Клиентот преку компјутер, со неколку клика, може да ги орочи своите средства на 6,12 и 24 месеци, со најдобри фиксни каматни стапки, и притоа нема потреба да посети филијала и да потпишува и печати Договори за депозит.

Но Халкбанк нуди и други типови на штедење. Мој депозит е наменет за физички лица кои имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања во Халкбанк, кој дава можност доколку клиентот има потреба од повлекување на средства да не ја изгуби договорната каматна стапка.

Кај Генерално штедење со фиксна каматна стапка, постои можност за исплата на каматата месечно или на крајот на периодот на орочувањето. Валути во кои се орочуваат средствата се: денари, евра и американски долари.

Постои и можност за Evolve депозит каде каматната стапка е прогресивна и расте на секои 6 месеци. Овој депозит се склучува на 24 месеци и клиентот има можност за дополнителни вложувања или предвремено раскинување. Каматната стапка во последниот период достигнува до 3,1% за денари и 1,9% за евра.

Дополнителни и повеќекратни уплати во текот на едногодишниот договорот за орочување нуди и Отворениот депозит кој е идеален за оние кои штедат секојдневно. Клиентот покрај уплати на депозитот на шалтерите во филијалите има опција да го надополнува депозитот преку електронско и мобилно банкарство или со траен налог.

Халкбанк не го заборава и штедењето за најмладите за кои е креиран Халки како дел од Детското штедење што опфаќафиксни каматни стапкина рок до 5 години. За корисниците на MasterCard Debit Contactless картичката на Халкбанк, пак, е креиран производот Е-Касичка со кој можете да штедите при секое плаќање.

Има многу можности за избор на начинот на штедење. Едно е сигурно - да се почне да се штеди никогаш не е доцна. Можеби октомври, кој е месец на штедење, е идеален момент да направите избор на депозитниот производот  и да почнете да штедите.