Никој не беше посреќен од Стефан и Тара: Најемотивните фотографии на Новак, поголеми од било кој трофеј

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ го победи Данило Медведев во финалето на УС Опен, а неговото семејство цело време го бодреше од ложата

Новак Ѓоковиќ беше незапирлив во финалето на УС Опен каде играше против Русинот Данило Медведев и го совлада со што ја освои 24. Грен слем титула. По 3 часа и 16 минути, тенисерот повторно влезе во историјата на белиот спорт, и по којзнае кој пат ја направи својата нација горда.

View this post on Instagram

A post shared by US Open (@usopen)


Како и секогаш, најголема поддршка на Новак му пружи семејството во ложата, меѓу кои и неговата сопруга Јелена, која беше маестрално облечена, како и нивните деца Стефан и Тара.

Додека претходно Стефан сам ги следеше финалните натпревари на неговиот татко, сега и Тара доволно порасна, за да биде тука за тато.

И тоа се покажа како најубаво и мотивирачко охрабрување, а по последниот поен таа се залета во неговите прегратки, по што Ноле се скрши и не можеше да ги задржи солзите.

Новак нежно ги прегрна синот и ќерката кои беа пресреќни по големата победа на нивниот татко, а нивните фотографии се најубавото нешто што ќе го видите денеска.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Фото: printscreen Eurosport