Никој не може да погоди која е мајката на фотографијата: Луѓето бараат со часови, но не можат да ја најдат жената која родила три ќерки

Добивај вести на Viber

Секогаш кога ќе објави фотографија со своите ќерки, таа предизвикува хаос на социјалните мрежи

Натали Вардел од Австралија е горда мајка. Не е познато дали го пронашла еликсирот на вечната младост, но едно е сигурно – добрата генетика, квалитетната исхрана и тренинзите се составен дел од нејзиниот живот.

Фотографијата на Натали со ќерките предизвика големо внимание на социјалните мрежи бидејќи никој не беше сигурен која е мајка, а која ќерка на сликата. Натали Вардел, мајка на три ќерки, е првата русокоса од левата страна.

„Секако дека е комплимент, но често налетувам на коментар дека сакам да личам на моите деца. Тоа е само добра генетика“, објаснила Натали (50) за австралискиот ABC News.

Ќерките Јасмин (24), Тамика (22) и Медисон (20) се горди на нивната мајка што е физички активна и се грижи за себе.

Инаку, Натали е 27 години во брак со Брандин, со кој има три ќерки, а минатата година стана баба.

„Тој е мое момче и најдобар пријател веќе 27 години. Колку повеќе сме заедно, толку повеќе се сакаме и повеќе го цениме она што го имаме. Вистинска љубов е кога ќе ја најдеш својата сродна душа", рекла Натали.

Интернет-заедницата целосно се налути кога фотографијата стана вирална бидејќи сè уште не можат да поверуваат дека една од русокосите е 20 години постара од другите.

Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs