Николина Пишек донесе голема животна одлука: „Ќе се соочам со своите стравови, за нив ќе зборувам јавно, малку по малку...“
Водителката Николина Пишек ги заинтригира сите со објава на Инстаграм.
Имено, таа објави видео на кое ужива на плажа во бело бикини, а за својот изглед доби бројни комплименти.
Сепак, она што го напиша Пишек под видеото го привлече вниманието на многумина.
„Донесов некои нови и итни одлуки. Животни. И веројатно ќе ја промени мојата реалност на милион неочекувани начини. Се надевам на добри. Ова лето ќе биде едно од најтешките за мене досега, со промени кои ќе го одредат мојот понатамошен животен пат. Ќе ви ги откривам работите малку по малку, како ќе го фатам ритамот и колку се чувствувам удобно. Не толку за мене (иако и тоа изгледа психотерапевтско – да се соочиш со твоите стравови и јавно да зборуваш за нив) туку поради сите оние кои минуваат низ слични борби, или кои се борат многу, многу повеќе сами и во тишина. Вистината не е секогаш онаква каква што изгледа. А зборувањето за неа изгледа ослободувачко“, напиша таа и додаде:
„Изговорените работи како да стануваат полесни и помалку важни. Тривијално. И затоа ова лето, меѓу многу напорни обврски, ќе ловам само вакви моменти. Без ништо. Соголени до кожа. Само море, драги луѓе и потоа бегство во реалноста. И се надевам дека повторно ќе издржам се“.