Нина Јанева слабее и комплетно се трансформира: Првите 30 дена беше најтешко, продолжувам додека не стигнам до идеалната фигура

Добивај вести на Viber

Кариерата ја почна како дел од симпатичната женска четворка „4 Плеј“, и уште оттогаш важи за еден од нашите најдобри и најмоќни женски вокали, титула која сега само ја зацврстува. Нина Јанева денес е вљубена во својот сопруг Александар, нејзиниот свет е ќерката Арија, но и музиката со која во овие услови на пандемија успева да се дружи само на снимањата на емисиите „Опуштено со Тони“. Нина покрена интересен проект, чија цел е нејзина комплетна трансформација. Веќе подолг период слабее со специјален режим на исхрана, а во план се уште неколку промени во нејзиниот физички изглед. Депресивниот период во кој сите се наоѓаме на Нина влијаел мотивирачки, па интензивно работи на сите промени кои ги замислила.

*Токму во време кога повеќето од луѓето се без волја и без мотив, ти стартуваш со кампања за разубавување, трансформација и мотивација. Кажи ни нешто повеќе, кои се главните промени што ги планираш? 


-Ова излезе дека е еден прилично тежок и депресивен период за сите нас на секое поле бувално. Преживување, хуманитарни броеви за мали деца, за семејства, страшен период за најсилниот! Решив еден ден дека е доволно од негативности, критики и сакрказам и дека можеби, еве само МОЖЕБИ мојата мотивација ќе ја пренесам и некому ќе му помогнам или барем ќе му го разубавам денот со малку позитивни постови и еден тон посветеност и мотивација за успех. Кај себе веќе започнав со намалување на телесна тежина и процесот на здраво тело и детоксификација започна. Се чувствувам одлично, мотивирано и продолжувам додека не стигнам до идеалната фигура за мене. Следни се фазите на вежбање. Новата соработка со Владимир Трајковски и Салонот за убавина „Реина“ внесе една свежина во мојот изглед кој дополнително придонесува за расположение, сите жени ќе признаат. Промената на бојата на косата и внесување експериментална розева пастелна нијанса е нешто што го решивме заедно со  Владимир, Мики Бибер од Салонот за убавина Реина во поддршка на Реина. Мики Бибер е младиот талент одговорен за новиот изглед. Козметичката линија на италијанскиот гигант Guam е она кое вроди со одлични резултати во мојот, а и во многу други случаи. Професионална козметичка линија, препорачана исхрана изработена од експерт и третмани се она кое ми е фокус во моментов. Професионалците кои работат во салонот за убавина се луѓе кои ми дадоа мотив за комплетна промена, луѓе кои се освежување на пазарот и пример за услуга на ниво и професионална посветеност на секој клиент индивидуално! Спа терапевти и биохемичари и козметолози и медицински стручни лица се само дел од тимот кој стои зад овие две имиња. Следни се уште неколку потенцијални партнерства кои сè уште ги преговарам, но за тоа потоа

*Кога и како ја почувствува потребата дека треба во некои делови да станеш една нова Нина? 

-Почна да ми пречи негативноста која започнав да ја чувствувам во себе, како од сите страни да имам впиено отрови кои и тоа како се одразуваат на моето расположение. Тогаш одлучив дека јас превземам контрола врз мојот живот пред да ме совлада летаргија и мрза. 


* Кој е твојот главен недостаток кој сакаш да го смениш? 

-Телесната фигура.

* Што е со изреката дека треба да се сакаме какви што сме? 

-Па, тука се јавува и уште една изрека особено откако ќе станеш родител и ја носиш одговорноста за сопственото здравје. Засега немам никакви здравствени ниту хронични проблеми, но и нема потреба да дојде до нив нели?

* На социјалните мрежи објави фотографии од здрав начин на исхрана, на каков режим си, како ти оди? 

-Постојат неколку различни циклуси на исхрана кои се креираат според моменталната состојба и здравствена контрола на клиентот. Во мојот случај првите 30 дена исхраната беше најтешка за совладување. Засега е сè  под контрола и така и ќе остане. 

*Од кога не си настапила во живо, пред публика? 

Уф, мислам од крајот на февруари или почетокот на март 2020. Освен ако не се важи публиката во студио додека снимаме „Опуштено“.


*„Опуштено со Тони“ веќе ја тера својата нова „полусезона“. Како ви оди на снимањата, каква е атмосферата, се снаоѓате ли со работа според протоколите?

-„Опуштено“ и оваа полусезона во која за првпат не сум само гостин, туку сум и дел од екипата за мене претставува едно големо второ семејство. Снимањата течат според протокол, но релаксирано, нема брзање, нема некој огромен притисок кога го правиш нештото од љубов и од душа. Тони Михајловски направи предобра комбинација кога нè спои со Славиша Киброски и со Боби Серафимовски. Навикната сум на работа со мојот бенд 2ExiT, а ова е нешто сосема друго и ново за мене како изведувач. Имаме одличен фидбек и за емисијата и за музиката и за хуморот, а најважно од сè ни е навистина тоа.


* Како финансиски се снаоѓате во овие услови, со мало дете дома? 

-Мајсторски! ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХ 

*Колку направи Арија, какво дете е, како најубаво го поминувате времето заедно?

-Арија има година и 8 месеци веќе и е пресмешно дете полно љубов и позитива! Гледам дека работи кликерот бидејќи почна да ни продава финти веќе пред неколку месеци. Мила е, а најмногу сака кога е татко ѝ е дома бидејќи е нејзин херој и никој на светов не постои кога тато е дома .Тоа е.


*Зошто е Александар најдобриот сопруг на светот? 

-Заради разбирањето, трпението, толерантноста да се излезе на крај со близнак како мене, заради уникатниот начин на размислување и хумор и заради сета добрина која ја носи во душата. Голем, ГОЛЕМ човек. 

*Кои ти се најдрагите спомени од времето на М2-потрага по ѕвезда, и групата 4Плеј? 

-Ејјјјј, па сè воглавно! Од аудициите и запознавањето со кандидатите и професионален начин на работа, до победата, до влегување во шоу бизнисот на само 17 години, дружби, настапи, концерти, патувања, солзи, глупости, недоразбирања... Големо убаво семејство со драги луѓе и спомени.

*Дали си во контакт со девојките од групата?

Со Сакине и Магдалена да, секако и со остатокот од луѓето од М2. Имам и драги луѓе со кои некако чудно дојде до моментот да прекинат секаков контакт, но пак ги сакам и почитувам...Убави, убави времиња.


Милица Џаровска

Фото: Приватна архива