Нина со корени од Струмица ѝ роди ќерка на ММА шампионката Аманда
Аманда Нунеш важи за една од најуспешните жени
во мешани боречки вештини. Таа е прва дама со титули во две поделби - „петел“ и
„пердув“. Таа во моментов е лидер во рангирањето на жените, а билансот и е 21
победа и 4 порази (сите пред 2014 година).
Дома, Аманда не е толку страшна како во рингот. Таму таа е сопруга и мајка. Нејзиното семејство е мало. Нејзината ќерка Реган и носи радост веќе 7 месеци. Родена е благодарение на нејзината партнерка - Нина Ансаровa.
Нина има словенско потекло, иако е родена на Флорида. Нејзиниот татко е имигрант од Македонија, од Струмица. Двајцата се многу блиски и тој ја поддржува во сè. Нина исто така влезе во рингот на УФЦ, но нема многу успех како нејзината партнерка. На 17 натпревари оствари 10 победи. Во 2020 година направи пауза за да се породи, а нивната ќерка Реган се роди на 24 септември. Всушност, Нина и Аманда се заедно скоро 10 години, а во 2018 година се верија. Тие веројатно се веќе во брак, бидејќи кога се врати во октагонот во април 2021 година, Нина се претстави како Нунеш.
Сепак, не го заборава своето потекло. Знамето на нашата земја и е тетовирано на десната страна од нејзиното тело. А, со Амадна разменуваат љубезни обраќања, и на „македонски“ и на „бразилски“.
Фото: Инстгарам/ninaansaroff