Денеска се празнува Света Нина, просветителка на Грузија.
Името Нина - потекнува од грчкиот Нин, што е можеби женската форма на Нинос (Нинус) - името на легендарниот основач на Асирската империја или е кратенка од Јоан (нина) - носител на света благодат.
Според некои верувања пак е скратеница од името Никола.Името Никола и женскиот дериват Николина потекнуваат од античкото грчко име „Nikolaos“ добиено од зборовите „nike“ (победа) и „laos“ (народ).
Според нумерологијата, луѓето кои го носат тоа име се многу мирни и посветени на градење на своите животи на цврсти темели изградени од ред, работа и дисциплина. Тие ја ценат вистината, правдата и луѓето кои исто така живеат според тие вредности.