„Ништо од попладневна дремка“: Игор Џамбазов мака мачи со Ферхунде, не го остава на мир (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber


Откако си замина Емче, срцето на Игор Џамбазов го освои Ферхунде. За кратко време оваа кучка стана попозната од многу јавни личности, а пикантерии од нивното секојдневие можеме да видиме често на социјалните мрежи на Игор.

Една од нив е и последното видео, на кое Ферхунде не го остава Игор да одмори туку му додева бакнувајќи го:

Ништо од попладневна дремка – напиша Игор.


- Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле, напиша Џамбазов на  својот Инстаграм пред нецели 5 месеци, а со тоа и официјално го најави нивниот заеднички живот.

Фото: Инстаграм