Њоки рецепт

Добивај вести на Viber

Кога ви се јаде њоки најубаво е да си ги спремите дома. Свежи и воздушести мене ми се убави во секој сос, може зошто сум гурман.

Не мора секогаш да бидат од компир може да бидат и со рикота сирење, како овие тоскански њоки на кои не можете да одолеете.

Потребни состојки:

250гр. Рикота

200гр. Спанаќ

200 гр. Пармезан

2 жолчки

200гр. Брашно (плус за месење)

Половина лажиче морско оревче

Сол и бибер

  • Спанаќот во принцип е препорачливо да биде бејби но може да се користи и обичниот само извадете ги рачките.
  • Њоките се погодни и за замрзнување.


Постапка:

Во вода што врие ставете го спанаќот на 2-3 минути а потоа ставете го на цедалка да се цеди. Додека се цеди спанаќот во сад помешајте ги рикотата,пармезанот, зачините и јајцата. Откако целосно ќе се олади спанаќот исцедете го убаво. Потрудете се да остане без вода. Потоа ставете го и него во состојките и промешајте. Додадете го брашното замесете тесто и потоа истурете го на чиста површина и додадете брашно колку да престане да ви се лепи. Замотајте во фолија и ставете го тестото во фрижидер на 1 час.

Откако ќе го извадите тестото од фрижидер ставете сад со вода и сол да зоврие водата. За тоа време поделете го тестото на 4 еднакви дела и секој дел исукајте го како црево. На набрашнета површина насечкајте парчиња (њоки) околу 1цм. дебелина и провалкајте ги во брашното на подлогата.


Повторете го истото со преостанатите делови а потпа њокоте пропуштајте ги во водата што врие. Првично ке потонат но за некоја минута ќе испливаат на површина. Сите њоки што лебдат вадете ги бидејќи тоа значи дека се готови.


Готовите њоки може да ги послужите пропржени 2 минити на путер со лук и рузмарин. Или пак во некој доматен сос. Изборот е ваш.


  За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ