НЛБ Банка и Отворени забавни фудбалски зони со проект за развој на младински спорт „Растеме во шампиони“

Добивај вести на Viber

од мотото „Растеме во шампиони“, НЛБ Банка во соработка со организацијата Отворени забавни фудбалски зони - Македонија започнува проект за развој на младински спорт. Вчера, на градскиот плоштад во Струмица, беше одржан првиот спортски настан со кој беше означен почетокот на проектот, кој ќе се реализира вовкупно 10 градови низ земјата.

Станува збор за т.н „grassroot“ спортски активности кои имаат за цел да ги воведат децата и младите во спорт, но и да ги здружат и зближат без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус. На секој настан ќе бидат вклучени деца на возраст од 6 до12 години, со кои ќе работат тренери-наставници, млади асистенти, а во својство на амбасадори, и наши познати спортисти. На настаните ќе се реализираат забавни спортски игри: штафета, разни игри со топка, скокање на јаже, хулахоп, вежби за координација и др.

НЛБ Банка е силен поддржувач на професионалниот спорт и спонзор на многу спортски клубови во земјава. Но, овојпат даваме сесрдна поддршка на проект за развој на младински спорт, кој има за цел да ја подигнесвесноста за активно вклучување на децата во спорт уште од најрана возраст и да промовира здрави животни навики како важна основа за генерациите што доаѓаат. Инвестирајќи во овој проект, ние сме посветени на негување на талентите и вештините на младите спортисти, обезбедувајќи поздрава и поперспективна иднина за нашата заедница.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

На вчерашното големо отворање во Струмица, учество земаа повеќе од 100 деца. Настанот го отворија претставници од НЛБ Банка и Отворени забавни фудбалски зони – Македонија, претставници на општина Струмица, а присуствуваа голем број родители и наставници од основните училишта во градот.

Проектот „Растеме во шампиони“ е проект кој освен спортско-рекреативна димензија има бројни социолошки придобивки за децата; развивање на чувство за заедништво, фер плеј однесување, взаемна почит, дружење и спортување за секое дете без разлика на полова и етничката припадност, и индивидуалните способности за одредени спортови за кои не е примарен резултатот. Во нашиот проект сите деца се Шампиони! Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Огроман благодарност до НЛБ Банка која ја препозна вредноста на проектот и овозможи негова реализација“ – истакнаа од Отворени Забавни Фудбалски Школи – Македонија.

Согласно планираното, до крајот на годината еднодневни спортски настани во рамките на проектот „Растеме во шампиони“ ќе се реализираат и во Охрид, Тетово, Гостивар, Неготино, Кавадарци, Битола, Прилеп, Гевгелија и Куманово.

ИнакуОтворени Забавни Фудбалски Школи- Македонијае хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA) во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка (NFF). Целта на организацијата е да им се овозможи на децата богато и вредно спортско искуство, како и да се промовира спортот, да се пронајдат нови, идни спортисти и да се развие нивниот талент. Во своето, повеќе од две-децениско постоење, Отворени Забавни Фудбалски Школи- Македонија има остварено успешна соработка со бројни меѓународни организации и амбасади, министерства и општини, владини и невладини организации и компании. Организирани се над 350 школи на кои земале учество повеќе од 110.000 деца. 

ПР објава