Нормално е или не: Што ако детето сака само да биде само со мајката

Сум се наслушала сè. Од кога се породив па се додека не започна да оди во градинка. „Зошто не дозволува некој друг да ја држи, освен ти?“, „Зошто си ја навикнала да спие само со тебе?“, „Никогаш нема да спие преку ноќ, ако ја земаш секогаш кога ќе се разбуди и започне да плаче.“, „Не мислиш ли дека треба да бидеш некое време и со другите деца?“,  „ Многу вие размазена, ја разгаливте и ја врзавте за себе.“, и моето омилено: „Детето на тој и тој е многу самостално!“.

Нашето општество е опседнато со независност. Поради некоја причина, веруваме дека знак за добро воспитување и зрелост на детето е тоа да може лесно да се одвои од неговите родители, но ова е ужасно недоразбирање за тоа како децата треба да бидат поврзани со нивните родители.

Малите деца имаат силни инстинкти и треба да бидат блиски со родителите. Во општество како нашето, опстанокот зависи токму од таа врска.

Општеството, се разбира, се смени. Но, бебињата и децата не се променети.

Треба да престанеме да им кажуваме на децата да ја игнорираат нивната потреба да бидат близу до нас. Особено, мора да престанеме да ги охрабруваме родителите да ги игнорираат инстинктите за да ги задржат своите деца близу до нив.

Повеќе од 60 години истражување за поврзаноста помеѓу децата и родителите ни кажуваат дека на секое дете му треба барем едно лице со кое ќе биде силно приврзано. Оваа врска е клучот за здрав емоционален развој.

Единствениот проблем што може да се појави во врска со приврзаноста на детето е тоа да не е (или не е доволно) приврзано кон примарни старатели.


Ако не беше тажно, ќе беше смешно

Родителите, кога нивните деца ги преземаат првите чекори кон нивната независност (со копирање на возрасните и кога сакаат сами да прават работи), интервенираат за да ги забават во процесот (затоа што веруваат дека децата прават нешто опасно и нешто за што не се подготвени).

Не треба да стоиме на патот на нашите деца кога ќе го отворат патот кон независноста. Но, треба да знаеме дека ова патување е долг период.

И кога ќе му кажам на моето дете дека може секогаш да смета на мене, не го осудувам на неуспех. Напротив - создавам силна и сигурна основа од која тоа ќе може да излезе кога ќе процени дека е вистинското време да го стори тоа.


Извор: zenskikutak.rs

Онакви сте каков што е Вашиот татко: 6 непобедливи докази