(ГАЛЕРИЈА) Носталгија на 30°C: Како изгледаше летувањето во поранешна Југославија

Добивај вести на Viber

Немаше клима уреди ни во автомобилите, ни во кафулињата, ни во собите.

Освежување во автомобилот би имало само ако ги отвориме прозорците, а мама од совозачкото седиште ни подаде сок. Јадевме во автомобил, сендвичи со салама кои мама ги подготвуваше за пат и така замачкани се радувавме на моментот кога за првпат таа година ќе го здогледаме морето.

Опремата за море беше недпоредливо поквалитетна од денешната, за што сведочат работите кои траеа и по повеќе од десет години. Во море многумина влегуваа со пластични сандали, а на плажа се носеше и преносно фрижидерче.

Некои раскажуваат дека просечниот Југословенец бил неверојатно забавен. Со носталгија се присетуваат дека се слушало „жива музика“ од секоја тераса покрај морето, и тука бил центарот на случувањата.

- Унгарките беа најслободни. Веднаш топлес. И оние малолетните. Беа најзгодни, а тешко дека некој можеше да ги „смува“. Слабо се познаваа странсите јазици, а и музиката не ја разбиравме баш. Што си направил на плажа, си направил- ете така се латуваше во поранешна Југославија.


Фотографиите на Ретротека будат носталгични спомени од едни такви убави времиња.

Извор: www.index.hr