Нов ден, нова авантура за децата од „Литл Ми“ Овој пат ја запознаа една од највозбудливи професии – пилот!

За децата кои се дел од приватната градинка Литл Ми, секој ден е возбудлива авантура, исполнета со учење и истражување. Со серијалот „Запознавање професии“, децата се препуштаат кон нови искуства, кои ги прошируваат нивните хоризонти и ја разгоруваат нивната љубопитност.

Досега имаа прилика да запознаат неколку интересни професии, но вчерашниот ден им беше резервиран за една од највозбудливите професии – пилот и зачекорија во фасцинантниот свет - авијацијата. На иницијатива на Литл Ми, тимот од аеродромот „Стенковец“ со задоволство го прифати предизвикот и на најдобар можен начин ги пречекаа љубопитните детски погледи и им го претставија нивното секојдневие.

Кога дечињата од Литл Ми пристигнаа на аеродромот, на воодушевувањата им немаше крај. Нивните погледи беа вперени кон авионите кои од авионската писта, се издигнаа кон височините на небото.

Водени од искусните пилоти, децата имаа можност да истражат како работат авионите, да го видат и да го проучат елегантниот надворешен изглед, да дознаат зошто служат авионските крила и кое гориво се користи за да полета авионот.Детските прашања се голем предизвик за возрасните и овој пат сите прашања беа упатени кон пилотот Јане Стефанов – „Како треба децата да се однесуваат во авион?“, „Со што управуваат авионите?“, „Дали треба потврда за да леташ?“ кој со задоволство им ги даде најдобрите одговори.

Откако со големо внимание ги ислушаа пилотите, децата добија можност која не се пропушта,  секое дете ја искористи приликата да зачекори во авионот и да седне во пилотската кабина. Авантурата започна со очи полни со неверување, насмевки кои стануваа се пошироки и издишки од возбуда.


Пред самиот крај на посетата, семејството „Литл Ми“ уживаше во вкусната ужина со неверојатен поглед на авионски писти и многу авиони. За децата ова беше можеби и најслатката ужина, затоа што сите заедно ги споделија своите импресии и воодушевувања.

За некои, авионот е моќна машина, а за некои најголемиот инсект што лета. Можеби не можеме да ви ги пренесеме сите интересни и искрени коментари, но затоа можеме да ви ги покажеме најубавите детски насмевки кои нема да ве остават рамнодушниhttps://www.instagram.com/p/C5qXeJ7J478/.

ПР објава