Нов „EASY” потрошувачки кредит на Силк Роуд Банка со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата и одобрување за еден работен ден

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје го лансираше на пазарот EASY потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, наменет за одредена таргет група.

Новиот кредитен производ е со максимален износ до 240.000 денари, рок на отплата до 48 месеци, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата од 6.69% за првата година, 5.59% во текот на втората година и 4.49% фиксна непроменлива во текот на третата и четвртата година. Овие каматни стапки се за клиенти, приматели и неприматели на плата во Силк Роуд Банка. Кредитното барање се одобрува во рок од еден работен ден.

Новиот кредитен производ е наменет за одредена таргет група, односно за EASY потрошувачкиот кредит може да аплицираат вработени во: институции кои се финансирани од буџет на РСМ, јавни претпријатија, трговски друштва во државна сопственост и основани од општини, вработени во финансиски институции(банки, штедилници и менувачници),осигурителни компании, финансиски друштва и здравствени работници.

Ненаменскиот потрошувачки кредит EASY ви овозможува шопинг уживање и помало месечно оптоварување на семејниот буџет. Може да се користи за најразлични потреби,  како и за рефинансирање постојни кредити во други банки.

Повеќе информации за условите и потребните документи за аплицирање за потрошувачкиот кредит EASY ви се достапни на следниот линк.

ПР објава