Нов хит рецепт: Облак салата со јајца - совршена за велигденските празници
Во пресрет на Велигден, сите домаќинки се подготвуваат да ги маѓепсаат и гостите и членовите на семејството со своите кулинарски вештини.
Покрај тоа што на трпезата имаме леб, вапсани јајца, специјалитети од месо, неизоставен дел од празничната трпеза се бројните кремасти салати.
Таа што најчесто се прави е руска салата, како и мимоза, но сега е време да пробате нешто ново. На пример облак салатата која веќе стана хит, а кога ќе ја вкусите ќе сфатите зошто.
Состојки:
• 400 гр чадено пилешко
• 4 јајца
• 3 компири
• 1-2 пакувања зденка сирење
• млад кромид
• 5 лажици мајонез
• сол, бибер
Подготовка:
Сварете ги компирите, како и јајцата, па одвојте ги белките и жолчките. Изрендајте ги компирите како и јајцата. Во калапот наредете ги ренданите компири, па намачкајте 2 лажици мајонез, сечкано чадено пилешко, па повторно 1 лажица мајонез, ситно сечкан млад кромид, 1 лажица мајонез, жолчки, 1 лажица мајонез, рендана белка, лажица мајонез и на крај рендана зденка. Зденките претходно добро изладете ги во фрижидер за да се стврднат и полесно да се рендаат.
Ставете ја салатата во фрижидер неколку часа и уживајте во нејзиниот фантастичен вкус.