Нов шамар за Пике и неговите родители: По вештерката на тераса, Шакира им приреди уште едно непријатно изненадување
Соседството на
пејачката Шакира во Барселона деновиве има многу трачеви, а таа им даде уште
една причина
Шакира, познатата колумбиска пејачка и шпанскиот фудбалер Жерар Пике се разделија во првата половина на 2022 година по 12 години заедно и две деца - синовите Милан и Саша.
- Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш врвен приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – порачаа Пике и Шакира.
Оттогаш, се чинеше дека оваа поделба ќе биде тивка и покрај тоа што Пике ја изневерува музичката ѕвезда со студентката Клара Чиа Марти, но на почетокот на 2023 година, непријателството меѓу поранешната двојка дојде до колуминација.
Шакира реши да сними одмаздничка песна, а во песната BZRP Music Sessions Vol. 53, кој го сними со аргентинскиот продуцент и диџеј Бизарепа, даде низа забелешки кои привлекоа големо внимание.
Во него таа се осврна и на мајката на Пике, Монсерат Бернабеу, спомнувајќи дека ја оставил со свекрвата како нејзин прв сосед, а колку и пречи покажува најновиот потег на Шакира.
Како што пишуваат шпанските медиуми, пејачката моментално работи на изградба на ѕид меѓу имотот на нејзиниот и на родителите на Пике! Тамошните папараци го уловиле моментот кога камион со мешалка за бетон пристигнал пред домот на Шакира во Барселона.
Shakira is currently building a wall to separate her house from her mother-in-law's house.
— Asandé (@kewchiy) January 17, 2023
pic.twitter.com/MdlyqHwoqk
Иако се два одвоени дворови, наводно на некој начин се поврзани и сега на тоа ќе му дојде крајот.
Инаку, пред неколку дена, музичката ѕвезда на терасата постави и голема кукла во форма на вештерка, за да изгледа право во домот на семејството Пике, а цело време гласно ја пушта својата нова песна да ги изнервира родителите на нејзиниот поранешен партнер.
Shakira has reportedly been listening to her BZRP session on a loop today, where there is also a witch on the balcony pointing at her ex-mother-in-law's house… pic.twitter.com/ZX2qXJG8lB
— ShakiraMedia (@ShakiraMedia) January 14, 2023
Според странските медиуми, мајката на фудбалерот знаела за неговата афера и згора на тоа го прикрила. Како што е познато, таа била една од ретките луѓе со кои Шакира се дружела уште од времето кога живеела во Барселона, а по раскинувањето сакала да се пресели во Мајами со своите синови, што не го направила бидејќи нејзините деца одат во училиште во Шпанија.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Youtube / Твитер