Нова меѓународна титула за Симона Станковска

Добивај вести на Viber

На натпреварот во Истанбул право на учество имаа само девојки со интернационални признанија во нивната биографија, а атрактивната Македонка во 2015 гогина ја освои титулата „Мис на Медитеранот“ на изборот во Киренија, Кипар

Во конкуренција на 25 девојки од целиот свет, познатата манекенка и водителка Симона Станковска ја освои титулата Miss Global Eurasia Stars на истоимениот избор за убавина кој се одржа во Турција. Станува збор за натпревар на кој право на учество имаа само девојки со меѓународни признанија во нивната биографија, а Станковска во 2015 година ја освои титулата „Мис на Медитеранот“во Киренија, Кипар.

- Ова е уште еден фантастичен успех за Македонија. Симона победи во силна конкуренција на убавици од разни светски избори. Натпреварот се одржа во „Гранд Џевахир хотел“ во Истанбул каде девојките присуствуваа десет дена и се подготвуваа за финалното шоу. Како гостинка се појави уште една наша убавица, Сандра Стефановска, која лани победи на изборот „Кралица на Евроазија“, а годинава доби специјална награда на манифестацијата која ја менаџира истиот организатор – информираат од модното студио „Црнокрак“ кое ја поседува лиценцата.


Симона ја паметиме како водителка на естрадниотмагазин „Бекстејџ“, а беше ангажирана и во забавната редакција на „Нова ТВ“.


-Ангажманите како манекенка и модел се нешто кое ми претставува моментална забава, но ништо повеќе. Ќе работам сѐ додека изгледам добро и имам понуди кои ми се допаѓаат – изјави Станковска во една прилика.

Ѓ.С.