Нова надеж: Започна тестирањето на првата вакцина против еден од најтешките облици на рак

Добивај вести на Viber

Лекарите почнаа да ја тестираат првата вакцина против рак на белите дробови mRNA на пациенти во седум земји, а клиничкото испитување на луѓе во фаза 1 е започнато на 34 истражувачки локации: Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.

Вакцината позната како „BNT116“ ја направи „BioNTech“, а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки и потоа нивно убивање и спречување да се вратат, пишува Гардијан.

Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болно лице на рак, а здравите клетки да останат непроменети. Јанус Рач (67) од Лондон е првиот што ја прими вакцината во Велика Британија.

- Дијагнозата му беше дијагностицирана во мај, а набрзо почна хемотерапија и радиотерапија. Тој примил шест инјекции со разлика од пет минути во вторникот во Клиничкиот истражувачки центар на Националниот институт за здравствени истражувања. Тој ќе ја прима вакцината на шест недели, а потоа на секои три недели во текот на 54 недели.

„Се надеваме дека ќе преминеме во фаза 2, фаза 3, а потоа се надеваме дека оваа вакцина ќе биде примена ширум светот и ќе спасиме многу пациенти со рак на белите дробови“, рече професорот и онколог од Лондон, Сиоу Минг.

Ракот на белите дробови е водечка причина за смрт од рак во светот, а секоја година околу 1,8 милиони луѓе умираат од рак на белите дробови.

Фото:Фрипик