Нова услуга за клиентите на УНИ Банка АД Скопје во соработка со Evrotrust и Мastercard
На задоволство на клиентите и на наше огромно задоволство, известуваме дека УНИБанка АД Скопје воведе нова услуга овоможувајќи на клиентите целосно дигитално искуство при вршење на банкарските услуги, преку користење сервисите електронски идентитет и електронски потпис за дигитално потпишување на документи.
Услугата е достапна преку мобилната апликација “ID“ која што е дел од платформата “ID operated by Evrotrust, овозможени од „Mastercard“ и „Евротраст“ (Evrotrust).
Отсега, клиентите на УНИБанка ќе имаат поголема флексибилност, како и лесен, безбеден и брз пристап во извршувањето на банкарските услуги со заштеда на време, ресурси и финансиски средства.
Клиентите ќе можат да користат банкарски услуги од далечина, без да треба физички да бидат присутни во експозитура и без користење на хартиени документи.
Мобилната апликација “ID“ овозможува на клиентите да се идентификуваат и да потпишуваат електронски документи со својот квалификуван дигитален потпис, од кое било место во светот.
Постапката на креирање на електронски идентитет е брза и едноставна и достапна преку мобилната апликација “ID Operated by Evrotrust“ на Google Play и App Store. Со апликацијата, освен електронска идентификација, корисникот добива и квалификуван дигитален сертификат, кој е замена за неговиот своерачен потпис.
Откако еднаш ќе го креира електронскиот идентитет, клиентот потоа ќе може да го користи за идентификување кон сите компании и институции што ја овозможуваат оваа услуга.
Новите услуги ќе бидат целосно бесплатни за клиентите на Банката и за нив нема потреба нашите клиенти посебно да аплицираат.
Со интеграција на ова решение, како банка сме целосно подготвени да идентификуваме клиенти без физичко присуство во Банката, како и да проследиме електронска документација на наш клиент идентификуван на ваков начин и повратно да добиеме електронски потпишан документ, притоа овозможувајќи на клиентите попродуктивно користење на слободното време без посета на шалтер, во движење, од канцеларија или од дома, во кој било период од денот.
Применувањето технологии и проверени дигитални алатки дава предност на пазарот, обезбедувајќи нови привилегии на клиентите физички лица, кои значат слобода, заштеда на време и пари.
Затоа, да ја користиме технологијата за добро!
Електронскиот Идентитет е овозможен во Р.С. Македонија согласно “Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги“.
Evrotrust како регистриран и лиценциран издавач на “Шема за Електронска Идентификација“ во нашата држава, имплементира највисоки безбедносни принципи за ракување и заштита на личните податоци.