Новата Тамара Тодевска: Дали се приближува кон светската елита?
Всушност, не е нова, тоа е онаа иста Тамара Тодевска што ја знаеме, но експлозијата во нејзиниот стилски израз кулминира токму овој период. Таа докажа што значи да се има тим зад себе, но не било кој, туку едноставно најдобрите кои делат заедничка модна визија. А, тоа се‘ се гледа на Тамара. Не се работи само за трансформација, туку и за начинот на кој се презентира на сцената. Атрактивноста во движењето е евидентна, како и моќната изведба која ја претставува на повисоко скалило.
Сета облека што ја носи е уникатна, дизајнерски изработена, сценска, атрактивна и никако досадна. Тодевска шармира со тесен фустан исто како и со парчиња кои не откриваат ни милиметар од телото. Но, акцентриани и потенцирани се нејзините облини, фигурата која ја доведе до совршенство. Плус шминка, плус фризура и... Тамара, спремна си целосно да им парираш на светските ѕвезди и да бидеш таму- во ѕвездите. И со песни и со стил...
Фото: Инстаграм
Р:Ж.М