Новата учебна година ќе започне на 1 октомври: Подготовките течат, најави Заев

Школската година нема да започне на 1 септември, изјави мандатарот за нова Влада Зоран Заев, на поставено прашање од новинари.

Заев истакна дека поради здравствените протоколи, најверојатно новата учебна година ќе започне на 1 октомври, а дека одлука за тоа ќе била донесена на првата владина седница, но Заев истакна и дека ќе следувале и законски измени.

Инаку денеска, владата на седница одлучува за ова во моментов најважно прашање, а ќе биде разгледана препораката на Комисијата за заразни болести, според која во училиште може да одат само децата од прво до трето одделение и тоа доколку така решат нивните родители, а сите останати ќе следат онлајн предавања.