Нови поповолни услови за кредитирање во Силк роуд банка
Кредити за вработени на определено време, зголемена максимална старост за клиент кој зема кредит, а станбените кредити без трошоци за исплата и за проценка. Ова се само дел од новините со кои Силк Роуд Банка го стартуваше второто полугодие годинава. Од јули впрочем, а согласно кредитнта политика на банката се релаксираат дел од условите за одобрување на кредит со што повеќе од кредитните производи на банката ќе бидат подостапни за сите граѓани.
Во услови на зголемени потреби за пари, во време на летни одмори и планови, а кога каматите се во надолен тренд на граѓаните им станува се полесно да вложуваат дома, да прошетаат, да испланираат новина. Силк Роуд Банката од јули ги олабави дел од кредитните услови, па сега нивните производи стануваат подостапни за барателите на кредити. На пазарот понуди кредити за лица кои се вработени и на определено време. Ако кредитобарателот има определен временски рок на договорот од 6 месеци, а работи во буџетска институција, јавно претпријатие, АД или во една од 200 најпрофитабилни компании тогаш висината на кредитот може да биде и до 10.000 евра. Доколку лицето е вработено во приватна компанија кај истиот работодавач најмалку една година со едно продолжување на договорот. Таква опција досега банките речиси и да не нудеа, а кредитот кој може да се земе е до 5.000 евра. Има поволност и за пензионерите, па од први јули е зголемена максималната старост која клиентот треба да ја има кога ќе ја враќа последната рата од кредитот. Според новите правила, наместо 70 години, сега кредитобарателот на тој датум може да биде и 72 години, со што се гзолемува можноста и постари лица да добијат кредит.
„На пример ако во моментот на аплицирање клиентот има 68 години ќе може да аплицира за кредит со рок на отплата до 4 години или 48 месеци. Претходно во овој случај ќе можеше до најмногу две години рок на отплата”, објаснуваат од банката.
Инаку, од први јули Силк Роуд дозволува клиентот на кој ќе му биде одобрен кредит да има поголема вкупна задолженост на месечно ниво од највисокиот лимит кој досега беше дозволен. Или ако, вкупните месечни задолжувања по основ на кредити, кредитни картички или дозволен минус досега беше 50 отсто сега за врабтени во буџетски институции, јавна администрација и вработени во 200 најпрофитабилни компании процентот на вкупните месечни задолжувања е до 60 отсто а за останатите клиенти е до 55 проценти.
Силк Роуд Банка го продолжи и промотивниот период за аплицирање за кредитни производи до крај на годината, односно станбените и хипотекарните кредити се одобруваат без манипулативни трошоци за исплата и без трошоци за проценка.