НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ГРЦИЈА ОВА ЛЕТО: Лани крадеа цели возила, сега ги ограбуваат на „културен“ начин

Добивај вести на Viber

Одморот е време кога сакаме да се опуштиме и да не размислуваме за ништо. Но, не е невообичаено грабежите на плажа да ни го расипат одморот и душевниот мир. Токму на ова укажува неодамнешната објава на Фејсбук групата Грчка инфо, која пренесува информации од Халкидики форумот.

На Ситонија, на „Портокаловата плажа“, пред три дена романски туристи снимиле лице како отвора автомобили на плажа и краде работи и пари од багажникот. Пријавено е дека едно лице ограбило најмалку два автомобили во ист ден.

Како што е наведено, тие најчесто работат во парови, а се опишува и како ненасилно ги отвораат  вратите.

- Еден од начините за влегување во автомобилот, што веќе им се случи на нашите туристи, е таканареченото ненасилно влегување во автомобилот.

- Возачот излегува од автомобилот, ја затвора вратата, го притиска клучот за бравата и заминува. Кога се вратил, од автомобилот биле украдени работи без трага од упад - се наведува.


Продолжува на фактор.мк