Нови, XL пакувања од Жито Лукс
Омилените лебови на парчиња од Жито Лукс штотуку станаа побогати со новите XL-пакувања, со поголема димензија на парчињата, совршени за подготовка на уште поголеми вкусни и свежи сендвичи. Новите производи го имаат истиот состав, добро познат вкус и квалитет по кои е препознатлива компанијата, а се достапни во пакување со поголема тежина, од 500грама.
„Новитетот е резултат на долгогодишната заемна доверба и на посветеноста на потребите на нашите потрошувачи на кои секогаш се трудиме да им дадеме повеќе отколку што очекуваат.Сега омилените вкусови белиот и `ржаниот леб се достапни во нова, XL-димензија со поголеми парчиња, практични за припрема на поголеми сендвичи “, изјавија од Жито Лукс.
Жито Лукс постојаното пласира нови иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите. Создавањето на XL-парчиња леб е дел од оваа заложба. Двете нови XLпакувања се придружуваат на веќе добро познатата линија на лебови на парчиња.
Со повеќе од 70 години постоење и доверба укажана од консументите, Жито Лукс е компанија за која иновативност и постојано подобрување претставуваат традиција.