Новинарство со виртуелна реалност во фокусот на вториот ден на Истражувачкиот филмски фестивал
ОТВОРЕН ТРЕТИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ - СКОПЈЕ
Технологијата може да се искористи за правење добро. Новинарството исто така може да помогне добри нешта да му се случуваат на светот, со помош на технологијата да помогне да се обикува подобро општество за сите. Секако, преку квалитетно раскажани приказни кои ќе допрат до поширока публика. Ова се само дел од искуствата што со публиката на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје, ги споделија новинарката Ана Јакимовска докторка на науки од областа на вештачка интелгиенција, која има работено во престижни британски медиуми како Guardian, Sky News, BBCи Channel 4и Марија Фернанда Лаурет од „Контраст“ која работи ви- ар новинарство,синоќа на отворањето во „Кино Култура“.
И двете на публиката ѝ презентираа што работат и како со новите технологии новинарството може да ја преживее ерата на социјалните медиуми.
-Уште додека студирав беше јасно дека дигиталната ера ќе ја наруши секоја сфера од општеството од финансии, здравствениот систем до медиумите. Па кога помислив во кој дел може јас да дадам најголем придонес, секако дека тоа беа медиумите. Ова е и многу возбудливо време за работа со медиуми затоа што алатките се лесни за користење, а досегот до публиката е побрз и поопсежен од било кога претходно, на пример на телевизијата ѝ беа потребни 68 години за да дојде до 50 милиони гледачи, а оваа бројка корисници Твитер ја достигна за само две години – рече Јакимовска на дискусијата.
Taa додаде дека новинарството може апсолутно да преживее во оваа ера, но само вака:
- Апсолутно може да преживееме во оваа ера, но новинарите мора да бидат подобри од интернетот. Тоа е голем предизвик, но тие мора да останат доследни на овој предизвик. „Интернетот е злобен, ни ја уништува работата“, со ваква мисла не може да победиме во играта. Тие мора да ѝ докаат на публиката што ги гледа дека знаат за што зборуваат, ги разбираат нештата и дека може да работат во синергија со технологијата – рече Јакимовска.
Фернанда Лаурет објасни што значи ви - ар новинарството.
-Виртуелната реалност има навистина друг тек на работа. Многу сме зависни од технологијата. Работата вклучува многу етички прашања, мора да сме многу вниумателни кога снимаме и на луѓето од околината јасно да им се виоочи дека се снима со 360 камера бидејќи таа практично го снима целиот простор, нема рамка, Работиме на многу важни теми, како на пример проблемите на бегалците. Виртуелната реалност овозможува да го почувствувате просторот, па гледајќи ги бегалските кампови на пример, ја доживувате таа клаустрофобија. Едноставно со помош на виртуелната реалност ги носиме гледачите во животите на луѓето кои се дел од важни општествени теми – рече Фернанда Лаурет на дискусијата.
Фестивалот го отворија Кристина Озимец, главен координатор на ИФФС и Милан Живковиќ од „Фридрих Еберт Скопје“, кои се партнери на фестивалот.
„Студентски и младински новинарски иницијативи – потенцијалот на неформалното новинарско образование“ е темата за која ќе се дискутира денеска во 11 часот во Кино Култура во Скопје, на вториот фестивалски ден на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје. Гости на дебатата ќе бидат: Емилија Петреска, Сефер Селими, Ангела Петровска, Милена Атанасоска-Манасиева, а ќе ја модерира Даниел Евросимоски.
Потоа следат дури три работилници. Во 12.30 часот ја имаме работилницата „Новинарство со виртуелна реалност за заштита на правата на бегалците“. Марија Фернанда Лаурет ќе претстави дел од иновативните начини на известувања кои „Контраст“ ги прават за правата на бегалците и човековите права. Со помош на Ви-Ар опремата присутните ќе имаат можност да погледнат снимки со виртуелна реалност.Работилницата со Марија Фернанда Лаурет е поддржана од Претставништвото на УНХЦР во Скопје.
Во 13.30 часот на работилницата „Н3MAМ ШТ0 ДА КРИЈАМ“, Кирилс Соловјовс, ловец на багови, активист за креирање ИТ политики и најистакнатиот етички хакер во Латвија, ќе открие каква цена плаќа општеството кога луѓето сметаат дека нема што да кријат. Интересна за публиката ќе биде и работилницата во 16:30 - „Инстаграм за новинари“. Со примерот на наградуваниот инстаграм-канал @maedelsabende, Верена Ламерт ќе покаже како новинарите да дојдат до публиката на оваа платформа.
Во 17:00 е закажана проекција на филмот „Мрачно место“, а потоа во 18.00 следи доскусијата за програмата за жени-новинарки, можности за промени во медиумската сфера. Верена Ламерт, уредничка во германската радиотелевизија WDR, ќе го сподели искуството за комуникација со помладата публиката на теми од феминизмот. Таа ќе им се придружи на учесничките во Програмата за жени-новинарки на ПИНА, чија работа ќе биде прикажана во рамки на дискусијата. Програмата за жени-новинарки на ПИНА е дел од проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ поддржан од Цивика Мобилитас. Во дискусијата ќе учествуваат: Вања Мицевска, Џемилиана Абдулова, Верена Ламерт, Кристина Озимец, а ќе ја води Ивана Митровска.
Во 19 часот е закажана дебата на темата: Владината борба против дезинформации – можност за цензура, неопходен чекор или само план на хартија? Гости на дебатата ќе бидат: Џелал Незири, Назим Рашиди, Жанета Трајкоска, Александар Србиновски, Зоран Бојаровски, а ќе ја модерира Васко Маглешов
Во 20:30 е проекција на филмот „Времето на децентрализиран интернет доаѓа“, а со проекцијата на документарниот филм „Чистачите“ во 20:45 ќе го затвориме вториот фестивалски ден.
Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА заедно со партнерите ФЕС – Скопје од 31 октомври до 2 ноември годинава во Кино Култура по трет пат го организира Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, неколкудневен настан посветен на новинарството и медиумите.
Фестивалот е од интернационален карактер и дел од настаните се на англиски јазик.
Влезот за сите настани е бесплатен.
Сите детали за фестивалот може да ги следите на веб-страниците: www.pina.mk, и www.iffs.mk, како и на нашите страници на Фејсбук:https://www.facebook.com/pina.mk/https://www.facebook.com/iffs.mk/
Твитер https://twitter.com/pinamkd и Инстаграм.