Новиот дом на Хари и Меган Маркл има силна врска со принцезата Дајана

Иако принцот Хари ја напушти Велика Британија, сепак не ги прекина своите врски со починатата мајка, принцезата Дајана. Иако со брат му растеа во Британија, сепак извори тврдат дека Војводата и Војвотката од Саксес ќе имаат нов дом во Лос Анџелес кој е поврзан со мајката на Хари.

Тие тврдат дека Меган и Хари сакаат да најдат куќа со приватна плажа во Малибу, за да го пораснат нивниот син таму во мир. Неверојатно е тоа што, Малибу е точната локација каде принцезата Дајана се пресели со своето момче Доди Фајед, пред двајцата трагично да загинат во сообраќајна несреќа во Париз, а таа сакаше да ги земе Вилијам и Хари со неа таму.

Дајана го сакаше Малибу затоа што ѝ носел мир и приватност, што ги немала на ниту едно друго место.

Фото: Splash News

Новиот дом на двојката најверојатно има пет бањи, шест спални, гостинска соба, базен, тениско игралиште и приватна плажа.


Насловна фото: Chris Jackson/Chris Jackson/Getty Images; Tim Graham Photo Library via Getty Images