Новиот Галакси А7 (Galaxy A7) пристигнува со камера со 3 објективи

Добивај вести на Viber

Новиот Галакси А7 (Galaxy A7) е најновиот уред на компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics co., Ltd.), со моќна задна тројна камера и елегантен дизајн. Галакси А7 ќе биде достапен во продажба кај овластените продажни партнери и оператори во почетокот на октомври по препорачана продажна цена од 20.449 денари во три бои – црна, сина и златна. 

“Самсунг е посветен на овозможување значајни иновации за сите корисници – дел од Галакси семејството, без разлика кои се и каде се наоѓаат ширум светот. Со радост ви ги претставуваме новите иновативни карактеристики на А серијата преку новиот Галакси А7 - практичен, но моќен уред создаден да ви помогне вашето секојдневие да стане извонредно.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Генерален Директор на Дивизијата за ИТ и Мобилни Комуникации во Самсунг Електроникс. 

Тројна камера на новиот Галакси А7 уред поседува одлични карактеристики:

Ултра Широк објектив од 8 MP, со агол од 120 степени. Со иста ширина на видното поле како човековото око, Галакси А7 го доловува светот исто онака како што корисникот го гледа креирајќи фотографии со широк агол и без ограничување; 

Со објективот од 24MP и објективот за длабочина на фотографија, функцијата “Live Focus“ на новиот Галакси А7 дозволува контрола на длабочината на видното поле преку прилагодување на “бокех“ ефектот.

Објективот од 24MP автоматски пропушта повеќе светлина преку комбинирање на четири пиксели во еден во услови на ниска осветленост. Затоа, креираните фотографии се совршено бистри и при силна светлина и во услови на ниска осветленост. 

Со помош на интелигентната функција на Самсунг – Оптимизатор на Сцени (Scene Optimizer), камерата на Галакси А7 го категоризира субјектот и ги прилагодува бојата, контрастот и светлината за инстантно да го оптимизира квалитетот на фотографијата. 

Предната камера од 24MP и прилагодливиот ЛЕД блиц овозможуваат креирање светли, јасни “селфи“ фотографии во било кој период од денот. Преку функцијата “Selfie Focus“ може да се креираат “селфи“ фотографии со “бокех“ ефект, а преку “Pro Lighting“ функцијата може  да се креираат фотографии со осветленост на ниво на професионално фото-студио. Покрај тоа, фотографиите може да се персонализираат со користење на АР емоџи (AR emoji) и филтри.

Уредот има препознатлив, “бесконечен“ Супер АМОЛЕД екран со големина од 6.0 инчи. Галакси А7 исто така поддржува “Dolby Atmos®“ технологија за репродукција на звукот. Со врвен дизајн на стаклото, страничен сензор за отпечатоци кој е едноставен за користење и беспрекорни заоблувања, Галакси А7 е практичен уред кој е удобен за користење. Достапен е во четири елегантни бои – сина, црна, златна и розева – за да се вклопи во сечиј личен стил. 

Уредот Галакси А7 пристигнува со услугите “Bixby“, “Samsung Pay“ и “Samsung Health“. 

За повеќе информации за новиот Самсунг Галакси А7, посетете ги страните: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy