Новиот Porsche Taycan веќе има 20 000 купувачи
Првиот, чисто електричен, спортски автомобил од Porsche, Taycan стекна големо внимание насекаде низ светот. Возилото нема да биде претставено на јавноста до септември и неговиот финален дизајн сеуште е непознат. Но сепак, повеќе од 20.000 луѓе ширум светот имаат сериозен интерес да купат еден од нив, како што потврдија од компанијата на Меѓународниот саем на автомобили во Женева.
Porsche Taycan ќе има деби во септември, а лансирањето на пазарот треба да се одржи пред крајот на годината. Возилото ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч во значително помалку од 3,5 секунди. Ќе има опсег од повеќе од 500 километри што се мери во согласност со NEDC. Покрај тоа, ќе биде можно да се додаде досег од 100 километри за полнење од само 4 минути.
„Огромниот интерес за Тајкан ни покажува дека нашите клиенти и фанови се исто толку возбудени околу првиот Porsche електричен модел, како и ние - и затоа ги зголемивме производствените капацитети“, потврдува Девлел фон Платен, член на Извршниот одбор за Продажба и маркетинг во Porsche AG. „Taycan ќе биде највозвишено и технички најнапредно возило во својот сегмент - вистински Porsche“.