Новиот тренд на ТикТок ги опседна новопечените мајки: Докторка Драгана предупреди ова никако да не го правите
Сите мајки „паднаа“ на овој трик
На сите им е јасно дека мајчинството е најубавата, но и најтешката работа. Мајката мора да се справи со многу нешта. Од породување, до доење, грчеви, недостаток на сон, а потоа и никнување на забите.
Кога кај детето ќе почнат да растат забите, почнува и болката.
Првиот заб на бебето обично се појавува на возраст од четири до седум месеци. Нема правила бидејќи некои бебиња можат да го добијат првиот заб на три месеци, а некои на една година. Првите заби што избиваат се долните предни заби, а потоа горните предни заби, обично месец или два подоцна.
@lena.boston This is the best mom and dad hack to help relieve your teething baby's pain! Squeeze a pacifier into water and then freeze it for an easy DIY teething pacifier! #momhacks #momtips #momtipsandtricks #DIY #MomofTikTok #mom #lifehack #hack #momhack #firsttimemom #teethingbaby #helpwithteething #fyp Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
Мајките на TikTok открија „трик“ кој наводно им помага на бебињата. Тие дошле до идеја и почнале да ја полнат цуцлата со вода, а потоа ја ставиле во замрзнувач. Кога водата ќе замрзне, му даваат на детето да ја цица и со мразот ги чеша непцата.
И ја прашавме педијатарот д-р Драгана Томиќ дали е тоа паметна идеја, пренесува најжена.рс.
„Тој тренд го видов и на TikTok, но би рекла дека е премногу агресивен“, изјавила таа за погореспомнатиот портал.
„Постојат глодалки полни со вода, со причина се полни со вода, за да можат родителите да ги изладат (да не ги замрзнат) и да го остават бебето да ги глода“, додаде докторот.
Затоа, ве молиме, не ги замрзнувајте цуцлите или глодалките на бебето, туку можете само малку да ги изладите и оставете го детето така да си ги чеша непцата.
ФОТО: Printscreen/TikTok