НОВИТЕТ: Создадено е пиво со сладолед

Добивај вести на Viber

Производителот на пиво од Њујорк, Captain Lawrence Brewing се здружи со производител на сладoлед за на своите потрошувачи да може да им понуди уживање во првото пиво со сладолед во светот. 

Пивото може да се најде само во пивницата на Captain Lawrence во Елмсфорд во Њујорк.

Се работи за чоколадно слатко задоволство со сладоледот на компанијата Carvel во форма на кит, пишува Bizlife.

Јакото црно пиво се прави со чоколаден сладолед и содржи 4% алкохол. Од пиварницата објаснуваат дека пивото добро оди се чадена храна и со чоколадни десерти. Првата тура веќе е распродадена, а втората се очекува да биде готова во петок.