Новитет во шминкањето - до совршена кожа: Дали сте слушнале за техниката Jамсу?

Добивај вести на Viber

Нов метод што оживеа во Азија, полека доаѓа во нашиот регион.

Професионалните уметници за шминкање од Азија измислија нов метод за примена на шминка, со кој се гарантира создавање беспрекорна мат кожа без недостатоци. Методот е многу необичен и навистина работи.

Во овој случај ни треба вода за да нанесеме шминка.

Подгответе ја кожата прво: Нанесете прајмер и, доколку е потребно, коректор. Кога ќе завршите со нанесување пудра, одделете грст детска пудра во прав, вообичаената пудра за бебиња и ставете на лицето со раце или четка, во нежни движења, раширете ја пудрата во прав по целото лице.

Сега следи најважното нешто.

Истурете ладна вода во сад и држете го лицето во него 30 секунди, поставете крпа на градите за да не ја воднете облеката, но во никој случај не го бришете лицето: оставете да се исуши само.

Чудното, дури и шокантно, потопување на лицето во вода е всушност со намера да го фиксира тонот на лицето, така што до вечер сте сигурни дека ништо нема да се замачка, растече, да не се појават масти на Т-зоната и дека површината на лицето ќе биде беспрекорна и мазна.

Откако кожата ќе се исуши, можете да продолжите со дополнителна шминка. Нанесете руменило, сенки за очи, и слично.

Единствената претпазливост е во количината на прав што ќе ја нанесете, а зависи од вашиот тип на кожа: ви треба повеќе прав за мрсна и помалку за сува кожа.

Совет: Доколку ви е непријатно кога го потопувате лицето во вода, можете да го замените овој процес со екстензивно прскање на кожата на лицето од шише за прскање.

Пробајте, видете го ефектот самите и ви ветуваме дека наскоро ќе стане навика во вашата рутина за шминкања. 


извор: cosmopolitan